21 февруари 2008
Ако не умрам утре, ќе умрам некогаш
Ќе почнам да пишувам „Писмо до моите сакани и оние што некогаш биле мои сакани“. Ако не умрам утре, ќе умрам некогаш, а писмото е добро да се има. После сите умирачки во последно време, нема на кој не му се смачија деновите на жалост, од безнадежните прашања низ солзи, од колнењето на ова проклето наше место. Таман си мислиш дека Дедо Мраз ќе ти оствари една единствена новогодишна желба - и ете сме, повторно назад на рандом рипит. А ти, како се справуваш? Дали паѓаш во депресија мислејќи дека ти си следен, дали ги гасиш класичните концерти и пушташ музика да рока, или измислуваш некој начин да се изглупираш и да си ги скратиш маките? Ах, да... купив карта за Мексико Шпанија! Гајле ми е ако падне авионот или ме заколат на сред гето, нешто слично може да ми се случи на празен пат на Флорида, на кошаркарско игралиште во Тетово, на плоштад после чаша пиво или за време на огномет, на шетање во Хрватска, на улица во Чаир, на пет минути од долгоочекуваното враќање дома... битно писмото ќе биде напишано. А јас ќе ги таложам котите сè погусто збиени зад мене без оглед на сè. Ќе се карам со професори, ќе седам до сабајле читајќи и ќе спијам до следното попладне, ќе пишувам колку што ми е волја, ќе работам она што сакам, ќе пркосам на она што ќе ми застане на патот, ќе го критикувам она што ми смета и ќе пцујам луѓе што мочаат на мојата зграда. Нема нешто да остане ненапишано, зашто она што другите не го знаат, нема да знаат дека требало да го дознаат, а она што требало да го дознаат ќе го дознаат во тоа писмо. Како за почеток одам кај мојата Стотинка. Единствено ебењето ме прави да се чувствувам жива.
11 февруари 2008
Прашина
Денот како по обичај ми започна со утринското бришење на прашина. Толку прашина немав видено од денот кога исчезна мојот прв сопруг пред десетина години. Се прашувам дали ова имаше врска со тоа што овој мојов не си дојде вчера за вечера. Ако не се врати за три дена, ќе морам да си купам нов.
п.с. Од овие неколку реченици требаше да биде голем расказ... ама некој ми го украде.
01 февруари 2008
Рандом необјавени работи
... ископани при правење бекап:
*** 11 октомври 2002 ***
...после памтам уште 2 пати во вц (ми рекоа дека имало повеќе).. си се дружев со шолјата некое време и легнав да спијам.. сум отспала ете до тогаш 2 пати.. и се разбудив, бев уште дрво и почнав да трескам глупости и да продолжувам да зборам 100 на саат.. и се смеев многу на тие глупости.. после заспав пак, станав негде во 6.30 веќе подобра, ги прошетав сите соби да видам дали има некој жив, сите беа камен, си легнав пак, и знам дека ме разбудија во 3 минути за 8, за појадок, другарот што ме трезнеше цело време, со песната "КАКО ЈЕ ЛЕПО БИТИ ГЛУП!!!!!" рокната скроз на скроз, на нашето скромно озвучување од дискмен и звучници од пц :) ...
*** 14 ноември 2002 ***
Мравките ќе си градат, а луѓето ќе се менуваат како и досега и ќе ги имитираат - ќе градат и тие. Едните куп од земја и подземни ходници, другите куп бесмислености и надземни облакодери. Важно творат. Кој знае, од самото творење некогаш и сами може да се уништиме. Тоа е неизбежно. Светов е механизиран, но човекот е човек. Планирано спонтан; безгранично љубопитен; градител и рушител. Таков и ќе остане. Се’ додека мравките не го освојат светот.
Крајната љубопитност, развиената интелигенција и работата не’ доведоа на ова место каде се наоѓаме денес. Во последните 100 години, нашата цивилизација е понапредната отколку од појавата на амебите до сега. Во овој свет на електрониката почнуваат да се губат основните инстинкти, емоциите и моралот. Лекот се бара во екстремните решенија.Секој го бара полесниот пат..
П.С. Пеер, до кога ги пуштаат мравките да искачаат навечер???
*** 11 февруари 2003 ***
И можеби како и повеќето(?) средношколци секој божји ден полека се извлекувам од креветот да го исклучам саатот кој непрекинато ме потсетува дека треба пак да се оди во школо, сонливо и флегматично се движам до вц-то и се шлакам со ладна вода неколку пати за конечно да можам да ги отворам очите и во огледалото повторно да го видам мојот секојдневно-гледан-и-веќе-досаден лик. Се облекувам на брзина, внимавајќи да не облечам нешто ептен ‘чкарт’ во комбинација па да ми се фаќа сеир цела школска година (или барем оној дел што остана), се чекам со Ана (моја најбоља френдица - како што би ја нарекло некое хрватско тинејџерско списание) и двете низ муабети што и како има ново се влечеме до ѕидините на веќе добро познатата математичка гимназија – Корчагин.
*** 1 септември 2006 ***
Денес е септемвриски ден; како да е средина на април. Сонце доволно колку да не биде ладно, со онаа блага светлина кога се’ изгледа поубаво од што навистина е. Душава ми знае, дека после тешката ноќ, и таа бидна осветлена.
Се измачувам себеси, те измачувам и тебе, без причина, од пусти страв. Како од големата загаденост на воздухот во Скопје да ми страдаат мислите. И чувствата, секако. Зборувај со мене, карај ме, обвини ме. Сум единствениот виновник за проблемите, но не сакам да бидам, верувај. Не ми простувај така лесно.
***некој јануари 2007***
Јас кога сакам, сакам...
Ама не кажувам
Зашто ми е страв дека со секое кажување
Сакањето се намалува...
И дека може да се потроши...
Хех
Знам дека звучи глупаво...
Ама.. пошто се троши
онака кога сакаш некого
А после некое време
Престануваш да го сакаш
Тоа што си го кажал претходно
Како да не важи
И како никогаш да не постоело
И затоа кога ќе кажам
Сакам да сум сигурна дека сум го удрила
Таванот на не-кажување и дека ако не кажам ќе пукнам
Тогаш, знам дека кога сакам, сакам...

*** 18 јуни 2007 ***
A smell of rain mixed with wine that was evaporating was spreading around. The people were standing, eating sandwiches, pricking cut sausages and cheering with small shallow glasses with a base and they didn’t care that the wine was spilling out. We took two sandwiches and a bottle of “Rosado” – a sparkly rose wine, sort of a red champagne – as the others were drinking. Squeezed among the others, sopping from the rain, in a small piece of space with our shoulders gathered, we started gulping the sandwiches with squashed tomato and ham – the most simple and famous Catalan food. I was chewing and smiling – I loved the place. Rodrigo put up his small glass of Rosado, and I followed him.
“Salud!”
*** 28 септември 2007 ***
MONOLOG 2
The prostitute: So many people around here. And no one is interested in me?! How can this actually happen? Are all of the people gay? Hey, look at me, am I gorgeous, or what? Come on, people, look at me! LOOK AT ME!!! ... I can’t fuck like this.
*** 6 ноември 2007 ***
Во паркот веќе ме чекаше сестра ми играјќи си со мачорот, кој скокаше наоколу радосен што конечно си нашол друштво, а јас им се придружив полека газејќи по полу-скапаните есенски ливчиња кои како полни жолти сунѓерчиња џврцкаа дожд под притисокот на моите патики.
Кучето, со многу кафеаво крзно и издолжен јамболиест сурат што наликува на Чубака, го имав оставено во колата, само. Си игравме со мачорот и дури откако ме издраска, раскрвари и безмилосно ги зари канџите во месото на мојата десна рака, полека ослободувајќи се, се сетив дека имам поверен пријател од него. Се стрчав кон колата да го ослободам, а тоа наместо да ми се лути и ’ржи, ми се фрли и ме лижеше по целото лице.

29 јануари 2008
Ретро на летото
Додека бев летово месец дена во Полска [да работам, шетајќи се со заработените пари!], цело време праќав групни мејлови од по неколку страници, за кои сестра ми ме мрази, а мајка ми ме обожава. Бидејќи настаните на крајот на летото беа страшни и не бев во состојба да постирам, еве го последниот од низата мејлови со кои ги спамирав моите другари и пријатели:
Си дојдов вчера со понеделничкиот автобус за 22 часа и 35 минути пат, за разлика од 24те на доаѓање :) Не отидов во Варшава, ниту Вроцлав, ниту Закопане... здравје друг пат [сегашна забелешка - бев во Гдањск и на роуд трип низ источна Полска во неколку малечки гратчиња, а во поголемите градови не отидов зашто ги планирав за последните два викенда, ама престојот ми беше скратен заради лошите настани]. Последниот викенд го искористив да го поминам со луѓето што бевме таму заедно и со кои многу се приврзавме... последно нешто што се случи за памтење е дека после супер излегувањето во интересен клуб, вечерта во саботата, Манфред (Швајцарецот) со неговиот IRELAND блузон тргна да се враќа сам пешки по дождот, 10тина минути порано од нас... некои пијани будали го нападнале, го скршиле од ќотек и после му го земале мобилниот. Претпоставка на сите е дека го нападнале токму поради блузонот, зашто ги мразат Британците кои за евтин лет доаѓаат до Полска, се пијанчат, прават белји и лумпуваат, закачаат женски на улици итн... и така неутралната Швајцарија се здоби со скршен нос, а сите ние со по некоја настинка од дремење на болница до сабајле со накиснати чорапи... Како и да е, после беше ок, се зезавме дека има фина виолетова шминка на очите која одговара на мојот нов џемпер, и дека супер е тоа што покрај сè не му го скршиле и слаткиот француски (уствари германски) акцент :) И тој си отиде 5 дена порано дома..
Заклучоци:
- не ги закачајте или иритирајте Полјаците после утакмица во фудбал дури и ако им одговара резултатот (саботата Полска:Португалија 2:2)
- не одете сами доцна навечер / рано сабајле, посебно не на дожд
- не носете блузон IRELAND во Полска (за секој случај не носете ниедна друга држава освен Полска)
- Краков сеуште е преубав град
- очукајте се пред да одите на долг пат, 24 саати многу лесно се преспиваат
- не одете на север ако не сте обожавател на дождот (супер е кога во Македонија ќе те пречека убав, сончев ден, 10 степени потопол од таму)
- користете ја секоја шанса да запознаете одлични луѓе, кои се надевам ќе останат пријатели засекогаш
- користете ги сите шанси што ви се укажуваат да патувате, дали за викенд или подолго
- не се бањајте во Балтичко Море (уште ме плашат 20тината медузи во метар квадратен што пливаат во нафта-вода)
- не правете забави во студентски домови премногу често (за после кога не сте таму да ве обвинат дека сте правеле белји во вц-а)
- не галамете кога сте пијани, а ако галамите заклучете ја собата, а ако не ја заклучите тогаш скријте си ги телефоните, апаратите и GPS уредите кај што не можат да ви ги украдат додека цврсто-пијани спиете.
- научете да готвите по нешто и гответе за другите, добро е кога некој после тоа ќе готви за вас
- не го оставајте лебот да стои многу време на влага, замислете - мувлосува
- секогаш имајте (еуро)крем при рака, посебно ако немате друг десерт
- имајте убав, нескршен чадор и не-платнени патики во земја каде што врне 25 од 30 дена преку лето
- трошете дури имате, ама трошете паметно. еднаш се живее
- секогаш проверете дали имате прашок за перење и омекнувач пред да ја уклучите машината за перење
- не ги сечете туѓите песни додека свират на забава, додадете ги вашите во редот на плеј-листата
- не носете плишано лавче во соба кај што влегуваат многу луѓе... ќе биде злоупотребувано.
- не претерувајте во пиење Жубровка
- ако одите во Полска, земете си канта бело сирење, нормален солен чипс, бистри супи и рерна
- држете се заедно со Балканците и Шпанците, секогаш биваат најдобри
- додајте ги сите нови луѓе на месенџер на време, да имате со кого да зборувате додека немате друга работа на работа
- посакувајте си сите во вашата соба лека ноќ... тоа ќе ви остане во навика и кога ќе се разделите
- потрошете некој кредит за да се јавите негде или пратите порака, секогаш и двете страни ќе бидат израдувани
...и доста е, 4:40ам е, ми се спие :)

Претплати се на:
Коментари (Atom)